СЕМИНАР ЗА ВОДИЧИ ВО ПЛАНИНА
Наредниот семинар за обука на водичите во планина, како и за релиценцирање на активните водичи ќе се одржи на 6 и 7 Декември 2014 година на Попова Шапка.
Сместувањето ќе биде во планинарскиот дом Конак (конаците на Манастирот Свети Наум – кафе “Конак“ на ски терените) по цена од 400 денари за лице. Резервации за сместувањето 070 32 98 98 или преку веб страната www.saraski.com.mk
За време на семинарот ќе се работат следниве работни содржини:
– Подготовка и организирање на тура во зимски услови
– Менаџмент со ризикот на планина во зимски услови
– Опрема за движење и престој на планина во зимски услови
– Навигација на планина во услови на намалена видливост
– Организација на тренингот на водичите за зимски тури
Детален распоред на работните содржини ќе биде објавен за десетина дена.
Важно: сите учесници на семинарот да носат облека соодветна за условите на планина во овој период од годината.
Дополнителни информации за обуката и опремата може да добиете кај Јован Божиновски 078 229 229.
Костантин Циривири,
Претседател на МАИВП
Работните содржини од областа на природното наследство и неговата корелација со планинскиот туризам кои ќе се работат во Сабота попладне и Недела наутро.
Сабота, 6 Декември 2014
09.30 – Информирање за работните содржини на семинарот
10.00 – Подготовка и организирање на тура во зимски услови
11.00 – 15.00 – Работа на терен
– навигација;
– избор на линија за движење;
– движење во група;
– менаџмент на група;
15.00 – 16.00 – Пауза
16.00 – 17.00 – Опрема за движење и престој на планина во зимски услови
17.00 – 19.00 – Значењето на природното наследство за планинскиот туризам
Недела, 7 Декември 2014
09.00 – 10.00 – Природно наследство и планински туризам
10.00 – 14.00 – Работа на терен
14.00 – 15.00 Пауза
15.00 – Организација на тренингот на водичите за работа во зимски услови
16.00 – Прашања и дискусии
17.00 – Затворање на семинарот
Се известуваат сите кандидати дека треба да носат опрема за движење на планина во зимски услови (навлечна јакна и навлечни пантолони, камашни, ракавици, капа, резервна облека…), како и компас – бусола за навигација на терен.
Како што беше претходно објавено сместувањето ќе биде во планинарскиот дом Конак по цена од 400 денари. Во домот постои опција и за ресторанска исхрана.
Одговорни инструктори за семинарот се Костантин Циривири (078 277 585) и Јован Божиноски (078 229 229).
Гостин предавач на семинарот ќе биде Наталија Ангелова од Македонското еколошко друштво.
skimacedonia
