Јуре Кошир: Копаоник ги претрка словенските скијалишта

Воодушевен сум од развојот на најголемиот ресорт во Србија, очигледен е огромниот напредок во односот на раните периоди.

Јуре Кошир растот во скијачката кариера го започна во периодод на распадот на Југославија. Стана светски јуниорски шампион во супервелеслалом 1991 година, а подоцна интензивно почна да тренира слалом и велеслалом, што прилично му се исплатеше.

Стана еден од најдобрите техничари на свет, како млад скијач водеше борби со легендарниот Алберто Томба, а популарниот “La Bomba” му стана и прав пријател.

KOSIR

Врвот на својата кариера е олимписката бронзена медаља во слалом 1994 во Лилехамер. Аленка Довжан пораснаа заедно, а како членови на скијачкиот клуб Крањска Гора, ги донесоа првите одликувања за независна Словенија.

Јуре е еден од мајсторите на скијањто кој имаше можност да го отвори белградскиот Експо-Зим, и коментира дека во Србија се чувствува пријатно и да е прилично изненаден колку спрските скијалишта, посебно Копаоник напреднале за кратко време.

“Бев минатата година на Копаоник и воодушевен сум од развојот на тој ски центар. Во однос на раните периоди очигледен е огромниот напредок. Посебно тоа се гледа на полето на ски инфраструктурата, патеките и жичарите. Навистина е се средено максимално добро. Многу сум изненаден од должината на стазите, а слушнав дека за оваа сезона се поставени нови жичници. Имавме среќа тогаш, времето беше одлично и слободно можам да кажам дека на некој начин Копаоник ги престигна скоро сите словенски центри. Од перспектива на добар скијач можам да потврдам дека човек може добро да се наскија, а за забава и да не зборувам” искоментира Јуре Кошир.

Дали тоа е најава за подобри денови во смисла дека можат да се појават врвни наптреварувачи во Србија?

Мислам дека може , ја имате и Стара Планина како уште еден значаен ски центар. Ме радува тоа што на планините ширум Европа има се повеќе српски скијачи. Што значи дека тој спорт кај вас е многу популарен. Тоа во иднина може да роди некој шампион. Има повеќе начини како се доаѓа до добар натпреварувач, индивидуален пристап или систематски низ скијачкиот сојуз и клубовите. Да речеме, никој пред 20 години не можеше да претпостави дека Хрватска ќе има такви натпреварувачи и шампиони како што се Јаница и Ивица Костелич. Зошто тоа да не се случи и овде?!

Што недостига во Србија за да има скијачи кои би конкурирале за врвот во Светскиот куп?

Не ви недостасува ништо. Ако имате каде да тренирате, тогаш треба да ги донесете правите тренери. Словачка и Чешка немаат некоја голема скијачка традиција, ама имаат добри натпреварувачи. Секако тука е прашање на финансии, но најмногу е прашање на одлука т.е на системот. Треба да се овозможи развој на скијачи од најмлад до сите категории

Кога започнавте да тренирате?

Започнав во Крањска Гора каде е мојот матичен клуб некаде на седум или осум години. Скијав и претходно затоа што пораснав на Крањска Гора, а моите родители исто сакаа да скијаат. Мислам дека првпат стапнав на скии на три години.

Дали можете да го споредите времето кога бевте на врвот на кариерата со денешното натпреварување?

Најголемите промени се во технологијата, материјатлите, начинот на тренинг…….можеби сега повеќе се пристапува од научна страна. Но за разлика од моите почетоци, сега и во Словенија работите се променија и на младите им е многу потешко да се занимаваат со скијање. Тогаш постоеше систем низ клубовите, сите трошоци за тренинзите и трките беа покриени, а сега повеќе не е така, за жал. Многу клубови затворија, сега има повеќе индивидуални екипи но во случај родителите да можат да си дозволат финансиски издаток, што не е добро. Многу е лоша ситуацијата, затоа што ние бевме онаа втора генерација после Крижај, Франк, Петровиќ……имавме платформа која функционираше, а во изминативе 15 години е се полошо. Така што многу таленти пропаѓаат и се е помал бројот на деца кои се занимаваат со скијање. Скијачкиот сојуз на Словенија не функционира добро и постојано има финансиски проблеми.

WE11_kosir_jure1_us.1320947918

Дури и во Светскиот куп за мнозинството скијачи не е сјајна ситуацијата, добро заработуваат само оние на врвот.

Да, многумина кои не се меѓу првите 15 или 30 мораат да кофинансираат многу работи, како што се пример авио картите. Тесен е кругот на скијачи кои добро заработуваат. Проблемот е во наградите на самите трки, само во Кицбил се распределува значителна сума. Инаку тоа е систем кој ФИС строго го држи,  а мислам дека тоа не е добро затоа што за популаризацијата на спортот може многу да се направи.

Што конкретно најмногу се промени во самото скијање во однос на вашето време?

Најголема промена се случи кон крајот на девеесетите и почетокот на двеилјадата кога започна да се скија на кратки карвинг скии со друга геометрија. Тоа создаде револуција и целосно ја промени техниката, начинот на тренингот ја промени и физиономијата на скијачите.

Можете ли да се замислите во 1994 со скии кои денес ги возат врвните натпреварувачи?

Уф тоа би било добро! 🙂   Меѓутоа морате да знаете дека тогаш и стазите беа трасирани поинаку. Сега во слалом има повеќе завои, порано беа директни. Карвинг револуцијата направи само позитивни работи за скијањето.

Но повторно се зголемени радиусите на скиите за одредени дисциплини. Какво е вашето мислење за тоа?

Тоа не ми е воопшто логично. Очекувањата на ФИС е дека со тие скии ќе има помалце повреди, затоа што скијањето е од најризичните спортови. Повредите се многу тешки. Јас тоа никогаш не би го променил, но некои одлично се снајдоа со новите скии, поготово Тед Лигети.

Кој е за вас најдобриот скијач на сите времиња?

Херман Маер

А не е вашиот пријател Алберто Томба?

За жал не е. Морам да бидам објективен. Маер можеше да ги вози сите дисциплини и во смисол на агресивноста која ги возеше спустовите беше чудесен. А што се однесува на силата и храброста беше ненадминлив. Беше доминантен во сите сегменти на скијањето. Мислам, Стенмарк имаше повеќе победи, но не возеше спуст, Томба исто така.

Колку ви значеше дружбата со Томба?

Многу! Посебно кога трениравме заедно, затоа што во словенската екипа немав таква конкуренција и квалитетен тренинг. Ми беше супер кога ме повика за спаринг партнер да тренираме заедно. Алберто беше постар и победуваше во серии. А и тоа како да победиш мора да се научи.

Словенија ја има хероината Тина Мазе, натпреварувач кој постигна се што може да се постигне во скијањето. Какво е вашето мислење за нејзе?

Таа е инзвондреден талент, но во еден период се изгуби во системот на Скијачкиот сојуз на Словенија, па отиде во индивидуални води. Создаде екипа која одлично работеше и тоа беше рецепт за нејзиниот страшен успех. Освои се и постави рекорди во бројот на бодови во текот на една сезона. Некој да ми кажеше некој пред дваесет години дека Словенија ќе има олимписки шампион во спуст, немаше да верувам.

Со што се занимава денес Јуре Кошир?

Имам повеќе работи, но најмногу се занимавам со промоција и продажба на спортска опрема и мода. Имаме фирма во Словенија која е ексклузивен дистрибутер на производите Rossignol со кои сум поврзан низ целата кариера. И во Србија имаме добри партнери и пријатели од Планет Бајк. Се занимавам и со спортски маркетинг.

 

Превземено интервју од Skijanje.com

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки