Реализирана премиерата на документарниот филм Reel Rock 9 – Valley Uprising – Yosemite’s Rock Climbing Revolution која Solis во соработка со SkiMacedonia, Outdoor Collective и поддршка од Амбасадата на САД во Скопје ја донесоа пред македонската публика.
Паралелно во рамките на настанот беа прикажани и кратки видеа од српската качувачка сцена претставени од Оutdoor collective Србија, беше одржана презентација на Александар Кирковски – ПК Македон од неговото искачување минатата година на Матерхорн во чест на јубилејните 150 години од првото искачување на врвот.
Исто така, во рамките на настанот беше одржана и изложба на outdoor фотографии од репортажи на SkiMacedonia, како и од искачувања на Оutdoor collective Србија.
skimacedonia










