Со мали новини како промени во ценовникот Ски центар Маврово ги објави цените на ски-картите за сезона 2014/2015. Генерално цените остануваат исти со новини кај полудневните карти и поволна можност за студентите.
Tака кај полудневните карти имате можност да купите карта за скијање до 13 часот која чини 650 денари, а полудневна карта за скијање од 12 часот чини 850 денари. Студентите пак кои ќе приложат индекс или студентска легитимација годишната карта по 22.12.2014 ќе можат да ја земат по цена од 13.000 денари.
За годишните карти, оние кој ќе извршат уплата до 22.12.2014 година, годишната ски карта ќе чини 10.000 денари.По извршената уплата, со приложување на вирманот, на денот на отварањето на скијачката сезона или потоа, на билетарата од Скијачкиот центар, ќе можат да се подигнат годишните ски карти. При подигнување на ски картата, ќе бидете замолени за фотографирање кое ќе се изврши на билетарницата. Картите не се преносливи на други лица!
При подигнување на ски картата да имате 150,оо денари кои се плаќаат за депозитот на секоја ски карта. Депозитот се враќа со враќање на картата, на крајот од сезоната, од депозит машината или од билетарата на Скијачкиот центар.
Податоци за уплата:
Скијачки центар Заре Лазаревски с. Маврово
Жиро сметка: 200000091616395
МК ДДВ: 4007001121480
Стопанска Банка АД Гостивар
Цел на уплата: Припејд годишна ски карта
Износ: 10.000,оо денари
skimacedonia


Zdravo,
me interesira:
1. Vrz koj osnov bese donesena Odluka za besplatno skijanje za penzioneri
2. Dali se uste vazi taa odlukata vo site site ski centri vo Makedonija?
3. Kako se ostvaruva pravoto za besplatno skijanje za penzioner?