Неизбежен детал низ ски центрите се популарните ратрак машини кои ја разбиваат тишината низ планините. Ви ги презентираме моделите кои “хараат” низ нашите планини, а ги има околу 15на функционални некаде постари некаде понови ратраци од брендовите Kässbohrer-Pisten Bully , Prinot Everets и Leitner.
Ски центарот Попова Шапка покрај стандарднитe ратраци Pisten Bully го поседува и најмоќниот во Македонија кој крстосува на падините на Шар Планина , моделот Pisten Bully 300 Polar опремен со кабински простор за пренос на скијачи и туристи. Силна машина има исклучителни перформански и поседува сила од 455 кс со работна зафатнина на моторот од 12.800цм3 и тежи скоро 12 тони со целата опрема. На Попова Шапка се сместени и ратраците на Ескимо Фрирајд Pisten Bully 300 кои исто така се опремени со кабински простор за пренос на скијачи.
На Маврово, центарот Заре Лазаревски ги поседува постарите модели Leitner LH 500 со 360кс, 12.000 цм3.
Копанки – Пелистер има еден стар модел на Kässbohrer-Pisten Bully 240 и еден приватен Pisten Bully 170 опремен со кабина кој од минатат година започна да прави фрирајд тури на падините на Пелистер.
Центарот на Кожув има два релативно нови модели Prinot Everest, со силни Мерцедес мотори од 428кс и тежина околу 8.5 тони, од кој едниот поседува и дополнителна опрема витло за совладување на поголеми стрмнини и нагиби над 50-60%.
Останатите центри како Пониква и Станич во Крушево од минатата година поседуваат понови модели стандардните Pisten Bully 300 набавени преку инвестициските зафати на МЕПСО АД Скопје со цел анимирање на овие два ски центри.
skimacedonia




