Ве известуваме дека Согласно Календарот за натпревари за 2014 година, по повод празникот 13ти Ноември, 70 години од ослободување на град Скопје, Атлетска федерација на Македонија во соработка со Град Скопје, ќе организира Атлетска улична трка во централното градско подрачје на 16 Ноември 2014 година со почеток во 16,30 часот.
Пријавувањето за трката ќе биде електронски и тоа на линкот www.afm.org.mk/prijava.
Ве известуваме дека Согласно Календарот за натпревари за 2014 година, по повод празникот 13ти Ноември, денот на ослободување на град Скопје, Атлетска федерација на Македонија во соработка со Град Скопје Градоначалникот Коце Трајановски, ќе организира Атлетска улична трка во централното градско подрачје на 16 ноември 2014 година со почеток во 16,30 часот.
– датум, време и место на одржување
16.11.2014 година ( недела ), 16:30 часот, Скопје- Плоштад Македонија
– покровител: Град Скопје
– организатор: Атлетска федерација на Македонија
– старт: Плоштад Македонија пред фонтана “ Воин на коњ”
– цел: Порта Македонија
– патека: кружна 1200м, асфалтирана рамна ( прилог скица )
– програма
16.30 часот отварање
16.35 часот 1200 метри ( трка за ученици мажи ) , еден круг
16.45 часот 1200 метри ( трка за ученички- женски ), еден круг
16.55 часот 2400 метри ( жени ), два круга
17.10 часот 4800 метри (мажи), четири круга
17.30 часот прогласување на победници
– право на учество
Секој што ќе се пријави преку www.afm.org.mk/prijava или на денот на трката од 14:00 до 15:30 часот на 16.11.2014 год
Еден учесник не може да настапи на двете трки.
Лекарски преглед
Сите натпреварувачи-ки се натпреваруваат на сопствена одговорност и одговорност на клубот и Училиштата кои ги пријавуваат.
Делегат: Проф- Александар Симеонов
– пријавување
На 16.11.2014 год од 14.00 до 15.30 часот на видно обелажено место на плоштадот Македонија, или со пополнување на пријавата на интернет адресата www.afm.org.mk/prijava или на факс 02-3131325 најдоцна до 07 .11. 2014 (петок), E-mail: j.jankovski@hotmail.com Пријавите да содржат: Клуб,Име и Презиме, година на раѓање, дисциплина, Пријавувањето за трката за ученици ќе се врши преку Сојуз на Средни училишта на Град Скопје.
Старт.броеви;Се задолжителни ( само за трките на 2400м, 4800м) и ќе се поделат на пријавниот центар на Плоштадот
– награди
За трката на 4800 метри:
Мажи
1. место – 4000 денари / медал / диплома
2. место – 3000 денари / медал / диплома
3. место – 2000 денари / медал / диплома
4. место – 1000 денари
5. место – 1000 денари
6. место – 500 денари
7. место – 500 денари
8. место – 500 денари
9. место – 500 денари
10. место – 500 денари
За трката на 2400 метри:
Жени
1. место – 4000 денари / медал / диплома
2. место – 3000 денари / медал / диплома
3. место – 2000 денари / медал / диплома
4. место – 1000 денари
5. место – 1000 денари
За Училишната трка на 1200 метри:
Мажи Жени
1. место – / медал / практична награда 1. место – / медал / практична награда
2. место – / медал / практична награда 2. место – / медал / практична награда
3. место – / медал / практична награда 3. место – / медал / практична награда
За најмлад и најстар учесник:
медал / диплома Напомена: Паричните награди ќе се исплаќаат преку трансакциска сметка. Секој освојувач на парична награда ќе треба да испрати до канцеларијата на АФМ копија од трансакциона сметка и лична карта.
– патека
Стартот на трката ќе биде на плоштад Македонија во близина на фонтаната Воин на коњ, се трча во правец на Триумфалната капија, се врти лево и се влегува во подземниот премин на ГТЦ се излегува од Сутеренот на ГТЦ се врти десно на ул Војвода Васил Аџаларски покрај Градската болница се врти десно и се излегува на бул 11 Октомври кон собранието на Р.Македонија во правец на ул Димитрија Чуповски и ул Велко Влаховиќ, кај Мекдоналдс, пред семафорите се врти десно во правец на Плоштад Македонија пред фонтаната се завршува кај Плоштад Пела под Триумфалната капија.