Креативната бомба „Љубох“ на Игор Јовановски е победникот на Конкурсот за Најдобро аматерско видео на ЕХО 2014. Мотивација, инспирација и многу енергија исцрпена од планините.
“„Љубох“ претставува и кованица од Љуботен и Охрид, почетната и крајната точка на првата македонска и една од најтешките балкански планинарски трансверзали, западната македонска трансверзала, а воедно и инспирацијата и причината за формирање на љубох како збор и чувство. Коренот на љубох доаѓа од зборот љубов, каде што како суфикс му се додава извикот „ох“ за да се назначи благата компонента на мака. Во основа, зборот означува чувство на љубов/задоволство/топлина на душата или како сакате, на која што и` претходела извесна доза на мака, односно сме се помачиле/доживеале извесна болка за на крајот да го освоиме тоа драгоцено чувство.” – Игор Јовановски
Останатите добро склопени креативи во категоријата на Најдобро аматерско видео беа:
„Амплитуда“ – Гоце Таневски второ место на Конкурсот за Најдобро аматерско видео на ЕХО 2014.
Александар Старделов и Иван Јакимовски за „This is what we do” го освоиja третото место во „Конкурсот за Најдобро аматерско видео“ ЕХО 2014.
„Слепа доверба“ (Расто Хатијар, 32“) Филмот кое ја доби “Special mention” наградата
Mакедонскиот филм „Кон врвот“ – победник во категоријата „Најдобар среднометражен филм на Ехо 2014
skimacedonia