Програма за ,,
Петок 07 Ноември
Пристигнување на организаторите во планинарски дом Чеплес во попладневните часови
Организација, подготовка за прием на учесниците на ,,9то Ноемвриски,, планинарски марш
Сабота 08 Ноември
Пристигнување и сместување на учесниците на маршот во планинарски дом Чеплес
Прошетки и разгледување на околината на домот (,,Долна бабина дупка,, или извори на река Бабуна)
Заедничко дружење во вечерните часови
Недела 09 Ноември
6.00 будење
7.00 поаѓање кон врв Солунска Глава
12.00 ,,затварање,, на врвот и враќање кон планинарски дом Чеплес
15.00 заеднички ручек (планинарско гравче) и делење на благодарници на планинарските друштва, клубови и спонзори
17.00 затварање на ,,9то Ноемвриски,, планинарски марш
Стартната позиција е на височина од 1450 метри надморска височина.
Патеката на искачувањето до Солунска Глава(2540 мнв) е со должина од 16,6 кm во двете насоки. Истата е маркирана и обезбедувана од водачите на ПД Чеплес.
На патеката ќе има 2 пункта за помош и превенција од членови на Македонски спасител здружение за безбедност на вода и планина- Велес.

Напомени:
Потребна е опрема за есенско-зимни услови и високогорско планинарње
Движењето е во колона. Се молат учесниците да:
не се одвојуваат од колоната (маркираната патека)
не оставаат отпадоци во природата, односно отпадоците да ги вратат до планинарскиот дом Чеплес
Секој учесник сам одговара за своите психофизички можности, здравствена состојба и безбедност.
Превозот е сопствен.Исхраната е од ранец освен заедничкиот ручек на ден 09 Ноември кој е обезбеден од организаторите
Сместувањето за учесниците на маршот ќе биде 100 денари во стариот дел а 200 денари во новиот дел на домот
Поради ограничениот сместувачки капацитет, се молат сите заинтересирани да се пријават навремено на телефон 078 216 909 (Тоше) и 071 389 879 (Марјан)
skimacedonia