Ридско-планинска велосипедска прошетка по Прилепско – Мариовскиот предел на Селечка планина.
Тргнуваме од центарот на градот и се упатуваме кон превојот Слива потоа следува спуст до с.Бонче,каде зафршува асфалтот и се искачуваме до Гробницата Старо Бонче.Потоа следува селото Подмол каде што имаме Коперација за освежување,следува с.Марул па спуст до с.Чумово.Продолжуваме кон с.Прилепец (ако дозволи времето тие што сакаат се качуваат до Манастирот, 3км.тешка угорница) останатите се спуштаме низ с.Волкосело и с.Селце.Завршуваме на Манастирот Св.Димитрија каде што го завршуваме маратонот.Останува уште 3 км. асфалтен спуст до центарот на градот.

Секој учесник треба да има технички исправен велосипед и заштитна кацига.
Секој учесник вози на сопствена одговорност.
Учеството е бесплатно.
Стартот е во 09.00 ч. по ново време (во текот на ноќта Сабота -Недела се менува времето) од паркингот кај Гостилница Лаки.https://www.google.com/search?q=гостилница+лаки&oq=гостилница+лаки&aqs=chrome..69i57j0.8374j0j7&sourceid=chrome&es_sm=93&ie=UTF-8
Целосна мапа на маратонот http://www.bikemap.net/en/route/2828677-preku-sliva/#/z11/41.21172,21.54418/terrain
skimacedonia