Викендов интересни тури и настани за посета

Времето деновиве ќе биде супер сончево и ведро, па така добро е да се искористи во природа и да се исконзумираат сите оние убави есенски шаренила и пејсажи.

Во Маврово на 12 октомври имате организирана тура  со планински велосипед низ околните села. Рутата почнува од Маврово преку  Стрезимир-Бродец-Кракорница-Богдево-Врбен-Маврово со вкупна должина од 53 км.

???????????????????????????

Шар Планина организирано искачување на врвот Љуботен 11-12 октомври.

Шар Планина, искачување до Доброшиски езера  во недела, 12 октомври.

Планинско трчање 12 октомври  “По стапките на Крали Марко” во околината на Прилеп на Бабуна и Златоврв. Ќе се одржат две трки, првата со должина од 64 км и 3000м висинска разлика и пократка 16 км со 830 м висинска разлика. Стартот и финишот се во Прилеп, населба Варош.

Велес, Велосипедскиот настан „Велес 2014 off-road велосипедска тура“ е еднодневен вело-настан што ќе се одржи во Велес и околината на Велес во сабота, 11 октомври 2014 година. Настанот вклучува две патеки,off-road велосипедска тура, асфалтна тура околу Велес и учество на познатата Велешка Питијада – 2014 со дегустација на Велешка пита Пастрмајлија и Македонски вина.

 

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки