За добар сервис и одржување на вашите скии најважно е пред се добрата база или конструкција и основа на скијата. Подлогата треба да биде мат црна и направена од пресуван карбон, наспроти многуте случаи каде има огледало ефект и е направена од растопена и развлечена пластична маса каде доаѓа до брзо кинење и создавање на влакна кои ги кочат скиите т.е создаваат поголемо триење на подлогата при контакт со снегот.
Дрвената структура од конструкцијата на скиите е посебно важна бидејќи гарантира максимална стабилност и рамномерни карактеристики. Тјунингот на скиите е најважниот адут-основата на базата од скијата треба да има испресечени странични вдлабннатини во кои навлегува восокот,при забрзување и триење со снегот доаѓа до константно топење на восокот и континуиран забрзувачки ефект.
Машината за брусање со камен одсилициум прави перфектен агол на скиите од 90 степени кои добиваат неспоредлив лизгачки ефект и ги одржува како на шини. Восокот ја штити скијатаи со нанесување пред секое скијање се зголемува и изджливоста на скиите. Нашиот Nanox CFX восок за секакви услови на снег со наједноставно нанесување придонесува уникатно скијање и уживање на снег.
При ладни и замрзнати услови се нанесува мал слој восок кој навлегува во вдлабнатините на базата,се четка со најлонска тврда четка и после неколку возења се исчеткува повторно за восокот да остане само во вдлабнатините. При повисоки температури и мокар,нечист снег се нанесува подебел слој од восокот и со помалку четкање ќе добиете уникатно стабилно возење. Со нашата нова нанотехнологија сакаме да им помогнеме на љубителите на зимските спортови да доспеат максимум уживање и да користат квалитетна ски опрема.

skimacedonia

