Се спушта ли завесaта на Еверест годинава?!

По големата несреќа што се случи деновиве на Монт Еверест, Непалските шерпаси одлучија дека ќе се спакуваат и ќе се повлечат од планината, откако одржале состанок на кој договориле да ја напуштат годинашнава сезона на искачување во чест на загинатите колеги.

Братот на еден од загинатите шерпаси, локалниот водач Тулси Гурунг изјавил „Имавме долг состанок и одлучивме да го запреме искачувањето оваа година во чест на нашите браќа. Сите шерпаси се обединети во оваа одлука“. Додавал и дека „некои од водичите веќе заминаа, а на други ќе им треба една недела додека да спакуваат сѐ и да заминат“.

everest2

Оваа информација ја потврдува и друг шерпас во базниот камп, како и американски алпинисти  за агенцијата АФП. Водичот Пасанг Шерпа вели: „Шеснаесет луѓе загинаа на оваа планина на првиот ден од нашето искачување. Како можеме да стапнеме таму?“ Американскиот алпинист Ед Марцек, пак, рече дека шерпасите „чувствуваат дека треба да го затворат Еверест оваа година како сеќавање на оние кои загинаа“. Одлуката дојде четири дена по лавината во која животот го загубија 13 шерпаси, а тројца други се водат како исчезнати. „Тие сакаат следниот месец да организираат протест во Катманду и велат дека не можат да го направат ако се на планината“, додава американскиот алпинист.

Намерата на шерпасите да се повлечат од оваа алпинистичка сезона ги погодува плановите на стотина странски алпинисти. Многумина од нив се веќе во базниот камп, откако претходно платиле илјадници долари за да се искачат на највисокиот врв во светот. Шерпасите се значајни во исполнувањето на таквата намера, бидејќи тие носат опрема, храна, ги поправаат јажињата и ги намалуваат ризиците за нивните клиенти.

Шерпасите претходно поставиле и ултиматум до владата и ѝ се заканиле дека ќе го откажат искачувањето на Монт Еверест , барајќи повисок надомест, договор за ретроактивна исплата на осигурување и фонд за социјална помош.

everest4

Владата дала согласност да направи фонд за помош наменет за повредени шерпаси или семејства на настрадани водачи во алпинистички несреќи. По несреќата владата во Непал информирала дека ќе им исплати оштета на семејствата по 415 долари за секој загинат шерпас.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки