Македонските сноубордери успешни на ФИС натпреварите во Грција

received_193871895300184
Грците ги земаа првите места во скијање кај нас, македонските сноубордери возвратија со победи во грчкиот ски центар Парнасос. Викендов се одржаа две ФИС интернационални трки во сноуборд велеслалом и слалом на Парнасос, Грција.  Грците уште еднаш организираа одличен настан и трка со оглед на условите оваа зима и недостатокот на снег, го извадија максимумот на терените. Македонија имаше и свои претставници во сите категории со супер резултати, нашите девојки доминираа на подиумот освојувајќи две први места во велеслалом и слалом за Сања Спасовска од тимот ХМКД и второ и трето место за Неда Добреска од Полар во велеслалом и слалом респективно.
Во машка категорија, велеслалом 7. место и слалом 6. место Кирил Насков – Полар, велеслалом 11. и слалом 7. место Томас Дебаловски – ХМКД
велеслалом 15. и слалом 13. место Бојан Скендеровски – Полар.
Претходно на трки во Копаоник, Србија сноубордерите од ХMKD исто така освоија подиумски места, прво место освои Александар Кацарски слалом и велеслалом, слоуп-стил Марија Петковска, второ место за Сања Спасовска во слалом.
received_566962833911127

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки