Успех за Швајцарија во super G на Garmisch додека големите излегоа од игра

Успех за Швајцарија во super G на Garmisch додека големите излегоа од игра

fis garmish 2

На комплексанта и заледена патека на вториот ден од ски викендот во Garmisch-Partenkirchen, Германија со изразени тумби и нерамнини скијачките нападнаа директно со голема брзина на захтевниот super G во неделата.

Швајцарците имаа повод за славење со победата на Corinne Suter,  прва во кариерата во оваа дисциплина додека Wendy Holdener се искачи втор пат на подиумот со завршница за трето место. Актуелниот шампион во super-G и минатогодишен победник на патеката, Nicole Schmidhofer од Австрија доскија на второ место.

Suter беше најпрецизна и најдинамична во горниот дел на патеката, но од почеток до крај со чисто возење што се должи на како што изјави минималните очекувања после завршницата на петто место претходниот ден во спуст.

Денот беше битен и во позитивна смисла и даде вистинска насока на Schmidhofer која се измачуваше со слабите резултати и болест последните неколку недели со што не влезе ни во првите десет скијачи.

Holdener која е позната и како технички специјалист која е префрлена во брзински трки патуваше во Garmisch со цел да го искористи времето за тренинг, но успевајќи да одржи добра линија и добро време на тренингот продолжи и со брзо возење заврши на подиумот.

“Сакам брзина, но не постојано и затоа имам проблеми со брзината во спуст. Но super-G, го сакам се повеќе и повеќе.” Изјави Holdener.

“Ми беше навистина тешко последните два дена бидејќи немав чуство на скиите. Па сменив нешто во сетингот во два наврати побитни работи што се покажа како права одлука. Изминатите неколку недели ми беа навистина тешки но секогаш чуствувам дека во Garmisch е навистина тешко ” призна Schmidhofer.

Во групата технички скијачки кои собираат искуство во брзите трки беше забележана и Petra Vlhova која успеа да заврши во топ 10.

Но ова беше лош ден за фаворитките и олимписки шампионки Goggia од Италија и Rebensburg Германија.

fis garmish 2 sofia goggia 1

Само еден ден после перфектната победа во спуст на Viktoria Rebensburg таа излета и удри силно и проби низ капија со што се здоби со неколку фркатури и ја завршува сезоната (ќе биде надвор од терените барем 2 месеца).

 

Sofia Goggia исто така имаше опасно излетување и удар после судир со капија и излета директно во заштитната мрежа. Беше извадена заплеткана во вториот слој на мрежата но известувањата се дека претрпела фрактура на раката и подлежи на операција со период на реахабилитација од барем 2 месеца.fis garmish 2 sofia goggia

Викендот го искористи за тренинг и Tina Weirather од Liechtenstein (победник на трката во спуст во 2015г) која беше спремна но не се реши да вози викендов пред се заради заледената патека “Има ли нешто пострашно од брзање по заледена нерамна патека низбрдо? Сакам предизвици и живеам за нив, а поголема задача дава подобро чуство отпосле. Сепак денеска имав лошо предчуство кое не успеав да го победам. Последен пат кога се повредив си ветив дека ќе го следам внатрешното чуство во иднина,” постираше Weirather на социјалните мрежи. Таа само го извозе тренинг-от за super-G, видливо не комотна на патеката со многу конзервативно скијање и заврши на 26то место.

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки