Freeride World tour стартуваше во Хакуба

На отварањето во Хакуба Јапонија доминираа
звучните имиња на светскиот фрирајд тур. Новите
натпреварувачи не успеаа да ги загрозат пол
позициите во ниту една од 4те класификации. Први на стартот беа сноуборд мажите и без некоја сериозна конкуренција Виктор Де Ла Руе, помладиот брат на светскиот шампион Ксавиер Де Ла Руе ја извози  победничката линија. Во отсуство на актуелниот шампион кај ски мажите Маркус Едер и киксот на Танер Хал првото место го освои ветеранот Дру Табке кој и самиот беше изненаден дека може сеуште да им покажува како тоа се прави на ‘помладите момци’ како што и самиот изјави после натпреварот. Кај ски жените
помалку или повеќе очекувана победа оствари
Норвежанката Хедвиг Весел која е неприкосновента во AIR TIME сегментот а тоа го покажува на секој натпревар така што независно од потребата на бодови и тактиката за освојување на круната таа на секој натпревар атакува на првото место. Кај сноуборд жените Французинката Марион Хаерти воедно и актуелен шампион ја потврди својата доминација освојувајки го првото место на отварањето на Фрирајд Светскиот Тур. Следниот евент ке се одржи во Канада
Kicking Horse Golden BC ОД 06-12 ФЕВ

freerideworldtour--1579673783052

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки