Brignone and Vlhova со заедничка победа во слалом, а Mikaela Shiffrin заврши трета воS во неверојатно тесна трка.
Federica Brignone од Италија и Petra Vlhova од Словачка израмнети до стоти дел од секундата во саботниот велеслалом на Светскиот Куп во Sestriere, Италија, додека Mikaela Shiffrin со една стотинка заостанување зазеде трето место. Победа со фото финиш за Brignone и Vlhova пред Shiffrin , на шега би се рекло победил кој има подолг нос во случајов.
Ова е 16ти пат во историјата на женскиот Светски Куп да има изедначен резултат за прво место. Последен пат се случи минатат сезона на трката во Maribor, Slovenia и тоа токму помеѓу Shiffrin и Vlhova на Feb. 1.
За Shiffrin ваквиот тесен резултат зад победникот ја отсликува сезоната 2019-2020 која е многу занимлива и успешна но не така спектакуларна колку и 2018-19. На 15 старта Shiffrin победи на четири трки а на останатите 11 трки се најде на подиумот што е феноменално.
Brignone по се изгледа е главен конкурент во веле слалом годинава. Италијанката води со375 поени пред Shiffrin (со 314) и сонародничката Marta Bassino. Да биде поинтересно во веле слаломот сезонава на пет трки од веле слалом имаше пет различни победнички.
Минатата сесзона за Shiffrin беше со 4 од 8 во веле слалом трки.
“Сите се мотивирани, сите сакаат да победат,за мене најинтересно е што луѓето престанаа да ме прашуваат дали сум непобедлива?’Чуствувам дека сите се натпреваруваме и едноставно е нормално тоа. ”Shiffrin изјави.“Не е лесно да победувате , може да ги прашувате Federica и Petra од денес. Двете скијаа навистина добро и силно, не дека се одвозеа само по патеката и победија.”
Денеска се скијаше и на паралелен слалом воSestriere. Shiffrin сеуште има водство во генерален пласман со скор 946-713, предVlhova.
Подиумот во Сестриере, Италија на женскиот веле слалом , со две скијачки на делба на првото место.
skimacedonia
