
Две лица го загубија животот изминатиот викенд во Sölden , Австрија.
Двајцата сноубордери, возеле надвор од ски патеките, кога се случила лавината во зона на околу 2900 метри, истата ги повлекла со себе 200 метри надоле. Иако еден од бордерите успеал да го активира абс системот, сепак според анализите починале од трауми и повреди при лизгање низ карпеститот терен.
Екипите за спасување кои го пребарувале теренот не биле во можност да пронајдат некаков сигнал, па преминале на рачно сондирање на теренот кое траело подолго време.
Силниот ветер и обилни врнежи од снег низ многу делови на Австрија и Швајцарија ја зголемија веројатноста за појава на лавини. Дел од главните пристапни патишта во некои центри беа затворени со часови заради ризиците од лавини.
Центрите препорачуваат постојано следење на статусот за безбедност од лавини и почитување на насоките.
Лавината која го зафатила центарот покрила и дел од маркираните ски патеки.
skimacedonia