Кога својата младост ја вложувате во скијање Хинтертукс вториот дом на ски клубот Скади

70833831_ask skadi skopje alpsko skijanje hintertux treninzi

Трета сесија од планираните шест посети на глечерот Хинтертукс во Австрија за скопскиот алпски ски клуб АСК Скади.  Дестинација која е нивен втор дом, каде преку современи методи на тренинг се припремаат идните македонски сениор репрезентативци. Тренинг сесите се реализираат од крајот на април-мај па се до крајот на ноември, а зависно од временските услови траат по две недели. Тренинг патеките на глечерот во Хитертукс се наоѓаат на 3200 метри, а температурите дури и во летните денови може да достигнат до -10 °C, секако притоа да се разбудите и со нов снег.

Колку се интензивни тренинзите во АСК Скади под главно менторство на Александар Атанасовски-Чаве, зборува фактот што се достигнуваат 150 тренинг денови на снег или речиси половина од годината, децата својата млада енергија ја вложуваат во тренинзи и натпреварувачки денови. Целокупните активности под менсторство на искусни тренери, придонесуваат за многу позитивни елементи во нивниот развој, надвор од бенефитите на спортската активност. Зголемена самодоверба и независност во извршување на многу секојдневни задачи, позитивни навики, здрава комуникација, социјализација со различни генерации на деца и дисциплина.

Периодов на глечерот во Хинтертукс се и повозрасните репрезентативци кои се натпреваруваат за Македонската алпска селекција.

IMG-187fbfd7139399 ask-skadi-skopje-alpsko-skijanje-hintertux-treninzi

 

IMG-38cc9a2 ask-skadi-skopje-alpsko-skijanje-hintertux-treninzi 71930449_1420944668060800_ask-skadi-skopje-alpsko-skijanje-hintertux-treninzi 71828464_1421749687980298_ask-skadi-skopje-alpsko-skijanje-hintertux-treninzi 70748886_1420944738060793 ask-skadi-skopje-alpsko-skijanje-hintertux-treninzi

IMG-60b20024fa815afa8 ask-skadi-skopje-alpsko-skijanje-hintertux-treninzi

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки