На листата која излегува овој месец Ставре Јада кој се натпреварува во нордиско скијање и биатлон е носител на најдобрите фис поени од постоењето на нордиското скијање во Македонија. 70 ФИС поени е резултатот за кој крушевчанецот Ставре Јада напорно работи на професионални тренинзи, чии тренер е Ѓоко Динески.
Периодов тренира интензивно и се подготвува за добри резултати и на биатлон натпреварувањата.
Дел од тимот на овие тренинзи е и најмладата натпреварувачка Михаела Даноска, за која како што вели Ставре, за кратко време ги совлада сите техники и брзо напредува во резултатите.