Владата на Црна Гора вложува 100 милиони евра за изградба на нови ски-центри до 2022 година, вклучувајќи комплетна патна и комунална инфраструктура, изјави директорот на Управата за јавни работи, Решад Нухоџиќ. Само во ски центарот Колашин 1600, ќе бидат инвестирани околу 50 милиони евра.
“Таквиот однос претставува директна поврзаност со стратешката определба на црногорската Влада дека со вложување во инфраструктурниот развој на северниот регион се влијае на рамномерен развој на државата, а на граѓаните во северниот дел да им се овозможи повисок животен стандард – изјави Решад Нухоџиќ.
Тој додаде дека моментално работат на повеќе од 100 проекти кои се во различна фаза на реализација, а повеќето се наоѓаат во северниот дел на Црна Гора.
Инаку зоната на Колашин е на висина од 1400 до 1800 метри, неспоредливо помали територијални и висински разлики во однос на нашите од бога дадени падини на Шар Планина со речиси готови патеки без потреба да исечеме ниту едно стебло.