Иницијатива за обнова на гондолата Тетово – Попова Шапка

popova sapka shar planina tetovo skopje macedonia gondola lift

Изградба и обнова на гондолата Тетово – Попова Шапка

Прво кратко инстан за скептиците и оние кои пре би направиле се друго на Шара освен гондола.  Во веќе бројни полемики и дискусии на оваа иницијатива кои се развија на социјалните мрежи имаше коментари дека гондолата е скапа инвестиција, да скапа е, но скап е и патот за одржување и реновирање, а ски центарот нема да го боли глава кога ќе падне метар снег дали некој ќе може да дојде или да си оди од центарот во посакуваното време. Дополнително да не коментираме за огромната корист во лето. Гондолата може да се направи во неколку фази, ние бездруго сме мајстори за фази и градење било што со децении. Па секоја инвестиција од 15-20 милиони евра е смешна дури и за еден годишен владин буџет. Ние веќе една гондола прокоцкавме во шестоседот кој се гради 5 години.

На Попова Шапка и требаат туристи и посетители и тоа четири сезони, 365 дена во годината. Повеќе посетители, свежи пари и зголемен промет кои ќе го анимираат центарот, хотелите и туристичките сервиси. Тоа не се прави со катни гаражи, туку само и исклучиво со дирекнта гондола од градот со 100.000 жители до ски центарот . Онака за 100че да си се прошета човек сам со себе или со пријателите. Па уште 100че за кафе и тука почнува развојот.

Тоа е едно, второ, зошто во вашите глави постојано сте заробени со возила и паркинзи, а од друга страна фантазирате за ЕУ, Австрија, Швајцарија, Франција, каде возилата се маргина, не постојат, ги нема.

Не е фантазија туку многу реално, еко френдли,  паметно, како сакате кажете, европска навика и култура, скијачи од скопската железничка станица, да се качат на воз директно до тетовската железничка станица, каде ги чека ски бус кој ротира на релација, железничка станица – гондола. Па дали е ова фантазија или реалност, но само за напредните земји, чии ментален склоп и размислување не поаѓаат од возила и катни гаражи?!

Кога гондолата би донела барем двојно повеќе посетители во центарот, тогаш може да зборуваме и размислуваме за шестоседи кон Церипашина, Јелак, барови и разни услужни колиби низ планината. Затоа што нели , некој сепак ќе треба да се качи и вози на нив или да испие еден чај на врв планина.

Околу културата и навиките за користење возови. Често странските посетител не консултираат дали има воз и гондола, како е организиран транспортот. Пропуштаме посети на бројни групи млади скијачи и ентузијасти, токму заради маргинализирани возови. Таков случај имавме минатата сезона, каде група од 12 австријци кои патуваа со воз дури од Австрија се откажа да дојдат во посета на македонските ски центри, во оној момент кога од Белград дознаа дека нашите железници или штрајкуваат или немаат линии во посакуваниот правец. Значи ние сме смешни, кловнови, човек се срами овде од оваа реалност во 22 век.

За гондолата…

Тетово, Полошкиот регион и ски центарот Попова Шапка ќе добијат повторно многу свежа енергија, живот и кислород.

Попова Шапка е еден од ретките центри кои декади наназад имаше функционална гондола многу пред сите други во регионот. Некој тогаш кога ја градел не бил глупав. Не дозволувајте нашиот планински и зимски бисер неправедно да биде маргинализиран и запоставен за нечии интереси и персонална негрижа.

Можноста жителите на Тетово, Гостивар и Скопје да имаат брз пристап до природата, придонесува кон здрав живот, здрави навики, рекреирање пред се во периодите на огромна загаденост на Тетово и Полог. За самата Попова Шапка тоа значи зголемен приход, свеж капитал, повеќе туристи и можност за зголемен развој и инвестиции во инфраструктура и туристичките сервиси. Помалку гужви и сообраќај и независност од постоечкиот регионален пат за транспортот на патници и добра до центарот во секое време и временски услови.

Не ја барајте Европа во бирократските ходници и политики низ Брисел, развојот и поквалитетен живот зависи од нас самите!

Порака до Влада на РМ,  Градоначалник на Општина Тетово, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Агенција за промоција и развој на туризмот.

сподели иницијатива, линк

 

 

 

Следете не за контакт

https://www.instagram.com/skimacedonia.mk/

https://www.facebook.com/SkiMacedonia

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки