Се претпоставува дека осум алпинисти се загинати минатата недела во голема лавина на падините на Нанда Деви Исток во Индиските Хималаи, при обидот за искачување на досега неискачениот врв што се нарекува според својата висина Врвот 6477, кој е на југ и е поврзан со гребен до Нанда Деви Исток / Сананда Деви (7434м).
Индиската планинарска фондација објави дека фотографиите од пребарувањето на хеликоптер спроведено од страна на индиската војска на 3 јуни покажале докази за пет тела во лавиннските остатоци, кој биле близу до нивниот последен познат камп на околу 5400 метри. Другите тројца членови на групата се претпоставува дека се мртви. Rock and Ice ги објавија имињата на осумте планинари: Мартин Моран (Велика Британија), Ентони Судекум и Роналд Бејмел (САД), Џон Мекларен, Ричард Пејн и Руперт Вивел (Велика Британија), Рут Мекканс (Австралија) и Четан Панди (Индија). Тајмс од Индија известува дека сега се прават планови за враќање на телата.
Четири други планинари од експедицијата, исто така, беа евакуирани со хеликоптер од понискиот базен камп поради ризикот од лавина.
Според Британската асоцијација на планински водичи, оригиналниот тим од 12 се поделил на две групи откако стигнал до нивниот базен камп на 18 мај. Една група од осум, предводена од Мартин Моран, заминала на аклиматизација на искачувањето на неименуваниот Врв 6477m. Останатите четири алпинисти, предводени од Марк Томас, тргнале да ја подготват патеката до Нанда Деви Исток, понискиот од двата соседни врвови на планината. Тие беа спасени од индиската војска.
Седумдесет и пет години откако полскиот тим се качил на Јужниот гребен, ниту еден друг тим не воспоставил нова насока на Нанда Деви Исток.