На Попова Шапка последен ски викенд

На Шапка ски сезоната во рамките на центарот е речиси на крај, остана уште овој викенд да се фати некоја линија и многу сонце. Месец март беше прилично неплоден во однос на снежните врнежи па топлото време брзо ги стопи зимските залихи на снег. Релативно корисни ски патеки Тетекс , Аеродром и Ге.

Следната сезона очекуваме шестоседот конечно да биде во функција иако реално ништо посебно нема да добиеме, ако не се средат соодветно околните патеки.

А секако дополнително и најважно е дека од човек на човек, од уво до уво, секој на секого треба да му пренесе една порака, а тоа е дека Попова Шапка е премногу полна со ѓубре и дека еко свеста и сите активности кои до сега се применувале очигледно се недоволни, не вродувале со плод или биле пренесени како пораки во погрешна насока. Навистина треба да се запрашаме кое ниво на развој го поседуваме?!  Сликата низ ски центарот е комплетна девастација на патишта, канали, потпорни ѕидови и сето тоа покриено со многу, премногу отпад. Реакцијата на странските туристи кои ја виделе пролетната слика на Шапка била шок и молк.

Неколку јавни прашања…Што прави општина Тетово, што прават образовните институции, основни и средни школи, што прават еколошките организации со нивната ефикасност?! Каде се насочува енергијата, постои ли еколошки час, има ли едукација , колку често, зошто треба да чистиме, за некој друг после нас да фрла, каде е крајот на овој гнасен магичен круг?! Решението очигледно не е во… направи настан, исчисти, сликај се и објави на фб!

55524768_popova sapka 55590272_popova sapka 55736526_popova sapka

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки