Во Soldeu, Андора беа последните трки од Светскиот куп во скијање, а тримуфира Mikaela Shiffrin кај женсите и Clément Noel во машка конкуренција.
Со последниот триумф Mikaela Shiffrin ја реализираше својата најуспешна сезона со вкупно 60 победи во кариера и 17та за сезонава.
Французинот Clément славеше на последниот слалом. Тој за 18 стотинки беше побрз од Manuel Feller од Австрија додека на третото место се пласираше Швајцарецот, Daniel Yule. Сезоната во машкиот дел од Светскиот куп мина во знакот на Marcel Hirscher, кој покрај триумфот во генералниот пласман ги освои малите кристални глобуси во слалом и велеслалом.
skimacedonia
