Shiffrin собори рекорд стар 30 години на местото каде ја започна кариерата

Shiffrin собори рекорд стар 30 години на местото каде ја започна кариерата

Mikaela Shiffrin 11568

Shiffrin стигна до најмногу победи во Светскиот Куп во Алпско скијање во една сезона со победата во слалом во Spindleruv Mlyn во Чешка во Саботата.

Американската сензација Mikaela Shiffrin го освои слаломот во Spindleruv Mlyn во саботата и постави нов Светски рекорд на победи во Светскиот Куп со 15 победи во една сезона. Американката и актуелна шампионка за 0.85 секунди заврши пред второпласираната Wendy Holdener.

Трките се возеа под отежнати снежни врнежи , а организаторите и лицата задолжени за трката направија додатни напори да ја оспособат патеката.

На истата патека на која Shiffrin го скијаше својот прв настап на Светскиот Куп во слалом во 2011 година само како 15 годишно девојче сега сруши еден голем рекорд: тој на Vreni Schneider со своите 14 недостижни победи во една сезона.

Само фантастичниот настап на Petra Vlhova во петочкиот велеслалом во Spindleruv Mlyn ја спречи да дојде до 59 побера. Откако победи во велеслаломот во петокот,  словачката скијачка Petra Vlhova немаше сила да ја прати Shiffrin во саботата.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки