Dominik Paris втор ден по ред победи, после победата во спуст, италијанецот беше најбрз и во Супер Г во норвешкиот Kvitfjell. Paris беше за 43 стотинки побрз од домаќинот Kjetil Jansrud, а 60 стотинки подобар од швајцарецот Beat Feuz. Финалниот победник во Super G ќе се решава на завршниот викенд од сезоната во Светскиот куп, каде се очекува Hirscher да ја потврди доминацијата во генералниот пласман.
skimacedonia
