Крушево, дестинација за 4 сезони – Најава за она што ќе се случува годинава

IMG_20190121_130247_krusevo ski centar stanic hotel panorama spa krusevo korija

Во досегашниот период од 2019 година во Крушево се реализираа низа активности кои придонесуваат за голема посета на туристи, а до крајот на година се одржуваат многу настани кои го прават Крушево дестинација за четири сезони.

Погледнете го најавното видео за оваа година и во него ќе најдете само дел од содржините кои претстојат

Минатата година Крушево имаше раст во бројот на туристи за околу 70 отсто и продолжување на престојот на туристите во просек. Оваа година локалната самоуправа очекува дополнително зголемување на посетеност како резултат на многубројните настани кои се организираат.

 

„Годинава очекуваме уште поголемо зголемување на посетеноста, а тоа значи повеќе пари за угостителскиот сектор. Локалната самоуправа, но и други организации, институции и поединци организираат активности кои се поттик во привлекувањето на посетители.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Веќе наредниот викенд се одржува настанот „When in Krusevo – Winter is Here“ кој се очекува да привлече околу 1 000 посетители.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки