Од утре 12 до 14 февруари, ќе се одржи „Мавровскиот меморијал”. Традиционалната нордиска манифестација ќе опфати стандардни трки во машка и во женска конкуренција на 10 и 5 километри.
Меѓу гостите има натпреварувачи од Унгарија, Бугарија, Грција, Турција, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска.
„Мавровскиот Меморијал е манифестација која ја промовира една од најубавите туристички атракции во нашата држава. И оваа година ќе се потрудиме да бидеме добри домаќини и да го направиме настанот еден од најдобро органзираните на Балканот. Ќе ја искористам приликата да ги поканам сите заинтересирани да дојдат во Маврово и да ги проследат настаните” изјави директорот на АМС Дарко Каевски.
Селекторот на македонската репрезентација Ѓоко Диневски, потенцираше дека оваа манифестација е една од најголемите на Балканот. „И оваа година ќе се потрудиме да го задржиме епитетот најдобро натпреварување на Балканот. На 13 и 14 февруари на патеката Мирна Долина ќе имаме две трки. Трките ќе почнат во 10 часот. Во рамките нанастанот ќе има и детски трки, што е секако повод за дополнителна афирмација на нордиското скијање овде кај нас и кај најмладите”.
skimacedonia
