Викендов се одржа Државното првенство на Грција во сноуборд Велеслалом, во организација на грчката ски федерација, а се одржаа и три ФИС трки на кои учество земаа и нашите најдобри репрезентативци. Ски центарот Витси и организаторите се покажаа како одлични домаќини и со извонредно припремени стази и услови овозможија беспрекорно одржување на трките на кои остваривме одлични резултати во машка и женска конкуреција, како и во јуниорските категории.
Спасовска Сања од тимот ХМКД победи на сите три трки и ја задржа одличната форма, а во машка конкуренција Александар Кацарски од ХМКД исто така се задржа на подиумот освојувајќи злато и две сребра, исто така и клубовите Полар и Пелистер имаа свои претставници на подиум во јуниорските категории.
skimacedonia






