ARE, Шведска — Победничка насмевка со неверување на лицето на Mikaela Shiffrin по ултра тесната победа во super-G трката од Светскиот Шампионат во алпско скијање. Таа заврши само 0.02 секунди пред Олимписката шампионка во спуст Goggia. Додека Corinne Suter од Швајцарија заврши трета за 0.05 секунди на скратената патека поради силните ветришта. На крајот Shiffrin изјави : “во вака тесна трка , разликата е незначителна. Беше рамноправна борба и навистина е незгодно бидејќи сите на подиумот ја заслужуваа победата.”
Но, драстична промена во расположение и загрижено лице откако го проследи излетувањето на сонародничката Vonn која имаше незгоден удар. При скок во првиот дел на патеката Lindsey Vonn се спои со една капија среде воздух и со голема брзина отиде во правец на заштитните мрежи.
За среќа 34 годишната Vonn успеа да стане и да одскија до крајот на патеката и да биде прифатена од медицинските лица. И покрај силниот удар во заштитните мрежи не претрпе сериозна повреда но само се зголеми стравот дека нема да продолжи понатаму на турнирот во спуст. “Чувството е како да ме удрил камион, не очекував ваков тресок. Но добро. Се надевам дека во недела ќе биде многу подобар ден.” изјави Vonn подоцна на прес конференција
Најтрофејна женска скијачка во Светскиот Куп која најави дека настапот на Светскиот Шампионат во super-G и спуст ќе биде последен во нејзината натпреварувачка кариера бидејќи се бори со континуирана болка во двете колена и носи протези на двете колена.
На прилично техничка патека, повеќемина скијачки не ја завршија трката. Од 43 стартери, 14 не ја завршија трката. Во една сепак компликувана победа, Shiffrin се занесе надвор од својата траекторија во долниот дел на патеката и замавна со рацете во воздух со што забави и успеа остро да ја пресече и да ја пројде следната капија.
skimacedonia

