5 сезона телемарк на Балканот. Дојдете и пробајте го за прв пат овој пионерски начин на скијање или придружете ни се да ги зајакнеме искуствата и да ги ослободиме петите на Маврово.
Програма:
Сабота 16 Февруари, со почеток од 9 часот во подножјето на жичниците на ски центарот Заре Лазаревски, Маврово, ќе ја видите нашата Телемарк тенда каде ќе може да се регистрирате. Традиционалниот Telemark Imprinting е 2 – часовна програма која ги подучува основите не телемарк скијањето, а ние ја совладавме и можеме да ви ја презентираме благодарение на нашите пријатели од Италија Telemark Snow Events.
За оваа програма ние ќе ви обезбедиме телемарк промотер – човек кој ќе ви ги покажува основите на телемарк скијањето во времетраење од 2 часа, по интернационално утврдена програма. Исто така ќе ви обезбедиме потребна телемарк опрема: скии и чевли, а вие може да си понесете само стапчиња доколку сте скијач, во спротивно ќе ви обезбедиме и стапчиња. Дојдете порано за да може да пробате чевли, имаме ограничени броеви.
Сабота вечер, заедничка вечера, проекции и прикажување на документарниот филм за екстремните девојки во спортот This is HERstory This is HERstory во базниот камп Ski Hut Gorica -Mavrovo.
Недела 17 февруари, слободно телемарк скијање за сите кои веќе обавиле телемарк импринтинг или имаат претходни познавања. Бесплатно користење на телемарк опрема до 3 часа.
Нашиот избор за сместување е Ski Hut Gorica -Mavrovo, ве молиме пријавете се навреме заради ограничени места. Дополнително предлагаме смештај во некој од Мавровските хотели, хостели или приватни вили по ваш избор.
https://www.facebook.com/HostelVertical/
http://hotels.makpetrol.com.mk/mavrovo/ceni_en.asp
http://www.atlantis.mk
Учеството на програмата чини 600 денари, кои одат во прилог на трошоците за организацијата која овие настани секоја година ги организира доброволно. Дополнително за учество на програмата ќе треба да си купите ски билет, доколку сакате да учествувате само на Телемарк Импринтинг доволен ви е полудневен билет, доколку сакате да го искористите целиот скијачки ден, ви предлагаме целодневен билет. Ски билетите се купуваат на билетарница, повеќе информации на http://www.skimavrovo.com/
Ве очекуваме 🙂
Пријавување и регистрација по тел: 070 377 826 и 075 213 332
skimacedonia
