17ти Аматерски Хуманитарен Велеслаом – Маврово 2019

17 humanitaren amaterski veleslalom ski mavrovo
На терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом. Веќе 17-та година по ред, компаниите имаат можност преку скијањето да помогнат на некого.

Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7-9 март 2003. Натпреварот се одржа на ски- лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници.

Оваа година овој настан ќе се одржи од 15 до 17 Февруари, 2019 година.АХВМ остварил многу хуманитарни цели, а овогодинешната е да се покажe хуманоста на непрофесионалните скијачи кон оние на кои им треба нашата помош и немаат средства за дневен оброк ниту облека да се стоплат во овие ладни денови. Донацијата од овогодинешната хуманитарна активност ќе биде наменета за организацијата “СВЕТУЛКА”, со што собраните пари ќе бидат употребени со цел преку обнова и надградба на кујната во која се готви, логистика и снабдување ресурси за оброци да се додели оброк за оние кои немаат средства да си го овозможат тоа секојдневно. Исто така, ќе се изготват зимски пакети (ранец со топла облека и витамини) за оние на кои им е потребно да не премрзнуваат во ладните зимски денови.

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА ПРИЈАВИТЕ ТИМ!?

  • Секоја компанија има можност да пријави свој тим. Еден тим мора да биде составен од 3 учесници;
  • Тимот може да биде составен од само скијачи, само бордери или мешано, скијачи и бордери.
  • Учесниците се делат на скијачи и сноубордери, секој во категорија машка или женска. Кај машките кои се натпреваруваат во скијање имаме поделба на јуниори (до 40 години) и ветерани (над 40 години);
  • Котизација за пријавување на еден тим изнесува 12.000 денари;
  • Само тројца пријавени во тимот имаат право на стартен број. Задолжително изберете еден од членовите за капитен на тимот;
  • Секоја компанија има можност да пријави и повеќе тимови;
  • Учесниците МОРА ДА БИДАТ ВРАБОТЕНИ ВО КОМПАНИЈАТА која ги пријавува во својот тим;

588A4336 ask skadi cevitana alpski kup 2019 mavrovo galicki lift

ЧЕКОРИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Чекор 1
Испратете е-маил на marketing@bistra.com со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 17ти АХВМ, и ќе добиете повратен маил со пријава за учество.

Чекор 2
Пополнете ја пријавата уредно, и повторно пратете ја на истата маил адреса.

Чекор 3
Платете ја котизацијата за секој пријавен тим по 12,000 денари и пратете ја скенирана уплатницата на marketing@bistra.com на следниот депонент:

Светулка НОРА Скопје
Број на Ж. Сметка: 210073314360139
НЛБ Банка

Секоја фирма учесник има можност на целната рамнина да постави свој банер или реклама (2m x 1m), а препорачливо е да направи и свое брендирано знаме (2m x 1m) со лого, за препознатливост и бодрење на своите екипи.

ПРОПОЗИЦИИ И ПРАВИЛА

Еден тим потребно е да има 3ца натпреварувачи. Натпреварувањето ќе се одржи во скијање и во сноуборд. Со тоа, тимовите може да бидат мешани при пријавувањето, односно тимот може да е составен и од скијачи но и од бордери.

Натпреварите ќе бидат крајно професионално организирани. За таа цел Скијачкиот Центар од Маврово како организатор и иницијатор на оваа хумана велеслаломска трка, во соработка со Скијачкиот сојуз на Македонија веќе изготви програма и пропозиции, по кои ќе се одвиваат квалификационите и финалните трки како и секоја година. Натпреварувањето ќе се одржи на патеката од Галичкиот ски лифт. Времето ќе се мери електронски, Директор на трките е реномираниот, меѓународен судија, Г-н. Виктор Крстевски-Викса, а веќе традиционално главен судија на натпреварувањето е Г-н. Јохан Елзесер.

Натпреварот ќе започне со едно квалификациско возење за сите пријавени натпреварувачи и во двете дисциплини. Најпрво ќе стартуваат натпреварувачите во женска конкуренција, па оние кои се над 40 годишна возраст (сениори), а за крај, најмладите или сите оние кои се родени пред и заклучно со 1977 година. Најдобрите 8 или 16 од секоја категорија ќе се квалификуваат за финалните трки во недела. Во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи, во петок пред состанокот ќе се одлучи колку финалисти во секоја категорија одат понатаму. За екипниот дел од натпреварувањето кое завршува во сабота, се важат најдобрите две времиња од трите натпреварувачи од квалификациската трка за секоја дисциплина.

Екипите пријавуваат по три аматери скијачи или бордери, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории, аматери и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2009/2010 година. Членовите мора да бидат вработени во компанијата која го пријавува тимот.

Доколку пред и после настанот се увиди дека некој од тимовите не се придржува до правилата и пропозициите, истите ќе бидат дисквалификувани.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки