Алпско скијање: Перфектната Shiffrin со засилен атак кон ски рекорди
Mikaela Shiffrin со незапирлив чекор кон освојување на трета едноподруго титула во Светскиот Куп во Алпско скијање со победа во велеслалом во вторникот за која доминантната 23 годишна Американка личела совршена во Италијанскиот ски центар Kronplatz како што напиша на својот Инстаграм профил.
Со тоа веќе се помести за 496 бода практично недостижни пред ривалката, словакињата Petra Vlhova,со своја 10та победа сезонава, а за несреќа на нејзините конкурентки како допрва да ја пронаоѓа својата совршена форма.
“Првото возење ми беше можеби најдобро досега што го имам скијано во велеслалом” изјави Shiffrin откако презеде водство од 1.39 секунди.
“Се обидов истото да го изведам и во второто пуштање, во некои сегменти подобро. И двете возења и целиот ден ми беа совршени.”
На крајот победи со разлика од 1.21 seconds, пред Французинката Tessa Worley, додека Италијанката Marta Bassino заврши трета.
Да биде сатисфакцијата поголема таа порано се мачеше на Kronplatz, а лани имаше и пад на истата патека.
Shiffrin со оваа победа држи водство во генерален пласман во Светскиот Куп, како и во велеслалом, слалом и Super G натпреварите.