Крушево е идеална дестинација за почетници скијачи и фамилии кои рекреативно и релативно тивко сакаат да го поминат зимскиот одмор.
На терените на Станиќ оперативни се патеките на плавиот лифт, а за поголеми ентузијасти и патеката под двоседот. Дневна темпаратура следните два до три дена околу 0°C, но со умерен до засилен ветар, запад, југо-запад. Во моментов на патеките и во градот Крушево има 30-40 см снег, а од следната недела се очекуваат нови снежн врнежи.