TAKT Вечер за жени во спортот

TAKT vecer za zeni vo sportot

Вечер за жени во спортот ..

Овој настан го организира граѓанската организација ТАКТ која работи и се залага за родова еднаквост во спортот.

На овој настан во свечена атмосфера ќе се доделуваат признанија и ќе се слави успехот и најдобрите спортски постигувања на жените спортистки во 2018та година.

Целта на овој настан е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Р.Македонија, да се актуелизира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни во спортскиот сектор.

Во 13 категории ќе бидат доделувани награди(статуетки) за најуспешните жени во спортот за изминатата 2018 година.

Категории:

  1. Најнадежна млада спортистка
  2. Најдобра спортска новинарка
  3. Најдобра спортска менаџерка
  4. Најдобра судијка
  5. Најдобар женски тренер
  6. Најдобар женски тим
  7. Придонес за родова еднаквост во спортот
  8. Организација за позитивни општествени промени преку спорт
  9. Посебно признание за животно дело
  10. Најдобра спортистка со инвалидитет
  11. Најдобра спортистка во колективен спорт
  12. Најдобра спортистка во индивидуален спорт
  13. Најдобра спортистка за 2018 година

Овој настан е поддржан од  Стејт департмент на САД и Амбасада на Kралството Шведска во Р.  Македонија.

Настанот ќе се одржи на 20.12.2018 четврток во х.Александар Палас со почеток во 20:00часот.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки