Ако се мислите какви и кои модели би требало да ги купите, направивме мала селекција од 5 модели, кои секако не значи дека се најдобрите модели кои ќе ви легнат на нога, но сепак котираат високо на листата на желби по нарачка кај Дедо Мраз. Дел од нив можете да ги нарачате преку постоечките застапници на ски опрема во Македонија.
Генералните својства на овие модели – ултимативни powder скии со димензии од 115 до 122 mm под стапало, кои ќе ви овозможат максимална стабилност при големи брзини и динамичен терен посебно во “длабоките” денови со свеж снег низ ски центрите и back-country зоните. Модели кои имаат релативно висок флекс индекс кој се движи од 7/10-9/10 што значи дека ќе ви овозможат солиден перформанс и кога условите не се оптимални. Слабата страна е заледен терен каде освен “race” скија, остатокот не би можеле да ги задоволат перформансите. Цените на овие модели на скии се движат од 650 – 750 евра, а со нив потребни се и соодветен модел на везови и кондури со крајна цел да го осетите максималните крстосувачки можности на овие модели.
Atomic Backland Bent Chetler Skis 2018
Fischer Ranger 115 XTi Skis 2018
Black Crows Nocta Skis 2019
Faction Candide 4.0 Skis 2019
Head Kore 105 Skis 2018
skimacedonia





