Водич за качување во сала
Почетокот на новата училишна година и паѓањето на шарените лисја го означуваат враќањето во затворените сали за качување. Следниов водич припремен од тимот на Petzl, ќе ви понуди список за вистинската опрема што треба да ја понесете и преглед на основните техники за обезбедување. Одличен е за секој почетник, но и за сите кои веќе качуваат, за да ја повторат материјата од која зависи нивната безбедност (знаеме дека повторувањето е мајка на знаењето)! 😉
Избор на вистинска опрема за качување во сала
Салата не бара многу опрема за да се качува или да се осигурува и колку помалку опрема ви треба за качување, толку ќе ви биде поудобно.
- Јаже: осигурајте се дека јажето е минимална должина потребна за да качувате во салата.
- Удобен и лесен појас без дополнителни додатоци.
- Торбичка со креда во топка, наместо креда во прав (за да се избегне ризикот од истурање на кредата насекаде). Можете исто така да користите течна креда.
- Алатка како што е GRIGRI или GIRGRI + (поврзан со карабинер со матица) за да овозможи поудобно обезбедување при качување во сала. Проверете дали дијаметарот на јажето е компатибилен со алатката што планирате да ја користите.
- Облека која се растегнува, во боја која ќе одговара на вашата опрема 😉
- Пар патики за качување (пењачици).
- Пар сандали или апостолки.
- Нешто за јадење и пиење.
Водичот ќе го најдете на следниов линк. Без повеќе изговори, облакајте ги ги пењачиците и качувајте!
skimacedonia
