Четири дена по брзинското рекордно искачување на Монт Блан од италијанската страна, Александар Кирковски без никаква логистика го искачи најатрактивниот алпски врв Matterhorn 4.478 м, преку гребенот “Хорнли“ од швајцарска страна. Постигнатото вкупно време од 7.01 час нагоре надоле е најбрзо искачување на македонски планинар и алпинист, на овој технички тежок врв.
Досега само 28 планинар и алпинисти од Македонија го имаат искачено Матерхорн, за разлика од неколкуте стотини кои се искачиле на највисокиот алпски врв Мон Блан, 4.810 метри, што доволно говори за тежината и предизвикот што со себе ги носи.
За Кирковски ова е трето искачување на Матерхорн, и второ македонско соло искачување на гребенот „Хорнли“, по Слободан Јовановски од 2006 година. 7 часа како вкупна рамка е сериозно поместување на границите и стандардите во планинарските спортови кај нас.
Како тоа изгледаше кога Dani Arnold го искачи во рекордно време за број еден во светот.
skimacedonia

