Изминатиов викенд во Струга се одржа едриличарски настан – државно првенство во виндсурф – едрење на даска во организација едриличарските клубови Развигор 103 – Скопје и Снегар – Струга, под покровителство на Едриличарска федерација на Македонија.
Временските услови не дозволија поголемо присуство на сите активни едриличари на даска да се приклучат на ова првенство. Но затоа пак најискусните едриличари не одстапија и отпосле стабилизирање на ветерот со брзина од 5 – 8 чвора остварија неколку трки и забележаа одлични резултати. Севкупен победник е Петар Ивановски од ЕК Пеликан и се закити со златен медал, Зоран Митрески од ЕК Развигор сребро и Бојан Ивановски од ЕК Пеликан бронзен медал.
Отпосле натпреварувачкиот дел заинтересираните рекреативци имаа воведен промотивен час по едрење.
Овие настани се одлична можност спортистите да ги споделат своите своите искуства и знаења, потоа промоција на едриличарскиот спорт и промоција на Струга и Охридското езеро како одлична локација за практикување на спортови на вода.

skimacedonia