Се реконструира планинарскиот дом на Водно

Се реконструира планинарскиот дом на Водно

vodno skopje macedonia

Град Скопје започна со реконструкција на планинарскиот дом на врвот на Водно. Градоначалникот Шилегов ги повика државните институции и приватни компании да придонесат и помогнат во реконструкцијата на домот со цел, Водно да прерасне во модерен спортско-рекреативен и културно забавен центар.

Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој планинарски дом е свратилиште за голем број рекреативци, планинари и спортисти. За овој планинарски дом се грижат ентузијасти од планинарскиот клуб Бистра и други љубители на планинарењето и покрај ограничените услови за негово нормално функционирање.

Решен е проблемот со водоснабдувањето на домот и во употреба е пуштен новиот тоалет. Реновирањето на домот вклучува и комплетна реконструкција на кровот и двата ката и опремување на домот со цел подобрување на условите за престој.

Vodno view (4)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки