Прекината потрагата по Бојан Петров

Boyan Petrov

Спасувачката акција за пронаоѓање на врвниот бугарски алпинист Бојан Петров, која трае повеќе од две недели , заврши неуспешно, објавија бугарските медиумите. Освен неговиот шатор кој е пронајден празен пред неколку дена, се уште нема траги од Бојан Петров. Како што изјавија луѓето кои беа во негова потрага деновиве со последа хеликоптерска обиколка при добри временски услови, тоа се последните шанси на спасувачкиот тим да пронајдат какви било траги од Бојан, кој исчезна на околу 7500 метри под врвот Shishapangma висок 8013 метри.

Бојан Петров по професија зоолог, е еден од најпознатите бугарски и светски алпинисти. Тој има искачено 10 од 14-те осумилјадарки на Хималаите, а минатата година беше специјален гостин во рамките на “Денот на планината” настан организиран од страна на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, каде сподели интересни искуства и знаења за хималајскиот алпинизам и животот воопшто. Бојан паралелно со овие големи планинарски успеси, боледуваше од рак и дијабетис, совладувајќи и други животни инциденти, тешки сообраќајни незгоди, притоа демонстрирајќи силен дух, посветеност и упорност.

Планинарите и шерпасите кои беа во негова потрага, претпоставуваат дека Бојан Петров пропаднал во некоја од големите глечерски пукнатини прекриена со снег искачувајќи се кон врвот.

 

 

20994033_boyan petrov alpinist bulgaria

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки