Спорт фотографии какви што ретко гледаме од спуст во планински велосипедизам барем на наша територија. Локацијата е Пелистер, банда опасна, фотограф Петар Тасевски, собирот беше викендов на 6 мај.
И многу важен момент, повторно да се нагласи ентузијазмот на битолчани кои во голема мера како индивидуи и групи, придонесуваат за раст на алтернативниот туриризам и понуда на забава на Пелистер.
Пелистер покрај стандардна рекреативна планинарска дестинација оди во правец на фул сервис понуда по примерот на водечките ски центри, каде после ски сезоната центарот односно жичниците работата за пренос на луѓе од различни профили и намери, од рекреативци до даунхил бајкери.
Дополнително, вредно е да се напомене дека од 1-3 јуни се случува MTB Pelister Downhill Cup, повеќе инфо овде
skimacedonia






































































