Tour de Galicica 2019

Tour de Galicica 2019 од 15-16 јуни, возење и планинарење низ преспанскиот дел на Галичица.

36658166_tour de galicica

27173725_tour de galicica

Следи настан

Outdoor настанот „Тур де Галичица“ ќе се одржи по 6ти пат oд 15ти до 16ти јуни 2019 година. Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме и оваа година да бидете наши гости.

Организатор на настанот е „Преспа Бајк – Ресен“. Останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица која ќе биде на 16 јуни во Недела. Оваа година планинарската тура ќе биде на врвот Магаро од 2255 м.н.в и со можеби најдобриот поглед на двете езера и таа исто така ќе биде во недела со почеток во 9 и 15 ч. Исто како и претходните години, Ви нудиме можност за кампување збогатено со забава во Lakeview Hotel & Resort, Otesevo на отворено на кое покрај кампувањето ќе има и доста други изненадувања.
Велосипедската тура е долга 68 km. Стартот е во 9ч во Недела. Линк од целата тура https://www.bikemap.net/en/r/4399131/ . Стартниот пакет ќе биде 300 денари и ќе се наплаќа на лице место.
galicica map tour de galicica 2018
Линкот за пријавување на планинарската и велосипедската тура 
Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.
Со самото стартување, учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе, ниту кон другите учесници.
Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.
Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед, односно соодветни чевли и облека за планинарење.
Организаторот го задржува правото за правење на евентуални измени кои ќе бидат неопходни, а за кои ќе бидете навремено известени.
Телефон за контакт: Кристијан 078/254-443, Дејан 075/282-207

Tour de Galicica 2016_0509Збирно место за планинарската тура ќе биде плоштадот во Ресен во недела на 16 јуни со почеток  во 9 часот и се тргнува со организаран превоз од Ресен до Галичица. Вкупна должина на планинарската тура изнесува некаде околу 8 км. Линк од планинарската тура: https://www.bikemap.net/en/r/4988855/ . Се молат сите заинтересирани за планинарење да се пријават најдоцна до 14ти јуни за на време да се обезбеди превоз. Стартниот пакет за планинарската тура ќе изнесува 400 денари. Наплатата е на лице место.

33135339_tour de galicica; prespa bajk;otesevo; prespansko ezero;galicica; resen; 33300775_tour de galicica; prespa bajk;otesevo; prespansko ezero;galicica; resen; 33501346_tour de galicica

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки