Ескимо Фрирајд и Елем Турс со квалитетна акција придонесуваат кон реставрација на кулата на Титов Врв

30124782_eskimo freeride

Неколку дена наназад, екипите на Ескимо Фрирајд и Елем Турс асистираат со своите ратраци и пренесуваат градежни материјали до подножјето на Титов Врв, каде веќе цела година и повеќе, камче по камче се средува и реставрира кулата која служи како засолниште на планинарите и скијачите. Кулата се реставрира по иницијатива на планинарското друштво Аргентус Маун од Тетово, а помага кој како стигне и колку може. Досега во неколку наврати бројни планинари носеа шишиња со вода до врвот, се носеа градежни материјали на раце, но помошта и транспортот на материјали со ратраците на Ескимо Фрирајд и Елем Турс  е драгоцена и во голема мера придонесува за олеснување на процесот на обнова.

https://www.facebook.com/Z.Jonuzoski/videos/10213380516440171/

https://www.facebook.com/Z.Jonuzoski/videos/10213376411897560/

https://www.facebook.com/Z.Jonuzoski/videos/10213375995007138/

 

eskimo freeride elem turs

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки