Волонтерска иницијатива “Инвестирав во планинарски дом”.

По добра предлог иницијатива на двајца планинари, Тони Милошевски и Игор Смилев, започнува волонтерска иницијатива “Инвестирав во планинарски дом”.

Имено, изработени се беџови, значки кои ќе се продаваат по цена од 120 денари ( 2 евра), а собраните средства ќе се користат за купување на контејнери, засолништа кои ќе бидат поставени на локации каде се најпотребни. Покрај таа намена, средствата ќе се користат и за обнова на постоечки планинарски домови низ Македонија.

Средствата ќе се собираат во координација со регистрирани планинарските клубови и здруженија, кои понатаму финансиите ќе ги уплаќаат на посебна заедничка сметка на Федерацијата на планинарски спортови.

Секој кој е заинтересиран да помогне и придонесе, може да не контактира нас skimacedonia@gmail.com или некое од регистрираните планинарски друштва.

28828439_investirav vo planinarski dom federacija na planinarski sportovi

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки