Mikaela Shiffrin го освои слалом финалето за нов наслов и спектакуларна завршница на сезоната

Mikaela Shiffrin
Mikaela Shiffrin со кристалниот глобус како севкупен победник, Are, Шведска

Mikaela Shiffrin го освои слалом финалето од Светскиот Куп за нов наслов и спектакуларна завршница на сезоната. Американката со спектакуларна слалом трка во Шведска ја освои оваа дисциплина и севкупната титула.

Севкупната шампионка Mikaela Shiffrin го освои својот седми наслов во слалом сезонава на финалето од Светскиот Куп во саботата што се одржуваше во Are,Шведска со доминација во двете трки.

Задржувајќи го водството од првата трка, 23 годишната американка на крај победи за цели 1.58 секунди пред Wendy Holdener од Швајцарија. Олимписката победничка во слалом Frida Hansdotter од Шведска пак за само 0.01 секунди зад неа заврши на трета позиција.

Многу пишувавме за неа годинава и неизбежно е да ја заокружиме со уште една сторија за оваа последна победа. Иако беше посебна победа, некако таа повеќе беше возбудена за тоа како ја доживеала трката бидејќи демонстрираше чиста, агресивна, динамична слалом трка – најдоброто од неа.
Mikaela Shiffrin 2

“Беше навистина забавно. Вака сакам да се чуствувам секоја трка и мојот сон е да скијам како во втората трка,” вели Shiffrin. Во првата трка бев солидна , но осетив дека имам и уште во себе и едно друго ниво на кое можам да се покажам и тоа скијање што си го замислив го реализирав навистина на втората трка со голем притисок на секоја капија. Тешко е да се опише чуството на финишот знаејќи дека си скијал баш онака како замислуваш дека треба. Навистина посебно чуство.

Ова за Shiffrin’s е 32-ра победа во дисциплината, а 43та севкупно. Таа ја осигура својата петта титула во слалом.

“Целата сезона беше навистина многу добра за мене т.е. одлична” вели Shiffrin, навраќајќи не на златото во велеслалом и среброто во комбинација на Олимпијадата. “Но секогаш сакам да останам силна на крајот на сезоната и се чуствувам навистина горда поради тоа.”

Инаку за крај еден статистички податок. Само Vreni Schneider од Швајцарија освоила 14 победи во една сезона (далечната 1989) додека по 13 победи освен Ingemar Stenmark i Hermann Maier, годинава освои Marcel Hirscher од Австрија. Со оваа 12 та победа Shiffrin се израмни со Lindsey Vonn.

Дефинитивно една интересна и возбудлива сезона од Светскиот Куп но Mikaella и Marcel навистина воодушевија…

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки