Мирко Лазаревски, членот на ски клубот Меденица, како и член на детската репрезентација до 16 години, учествуваше на меѓународниот фис натпревар “Деца за мир во светот” кој се одржа на Бјеласница и постигна трето место во трките од велеслалом и слалом. Својата добра форма Лазаревски ја потврди и на фис трката во Мокра Гора, каде исто така ја освои бронзата односно трето место во слаломската трка.
skimacedonia

