Во петокот на 16 февруари 2018 година на терените на ски центарот Копанки се реализираше, Државно првенство во скијање за основни и средни училишта во дисциплина велеслалом во машка и женска категорија. Натпреварот беше во организација на Федерација на училишни спортови на Република Македонија во соработка со Сојуз на училишен спорт Битола, Скијачка федерација на Македонија, а во техничка реализација на Ски Клуб Пелистер.
Добрите услови на патеката беа обезбедени благодарение на заложбата на одговорните лица од ски центарот Копанки и Елем Турс кои го процесираа новопаднатиот снег два дена пред трката. Скијачката федерација на Македонија го обезбеди професионалното мерење на времето, а Ски клубот Пелистер се погрижи за местењето на 19 капии кои соодветно беа поставени.
За прв пат натпреварот доби одличен одзив и популаризација на скијањето од невидени размери до сега. Вкупно 209 натпреварувачи под водство на своите професори по физичко образование од различни градови низ Македонија зедоа учество во трката. Сите безбедно го извозија горниот дел од патеката која сега е веќе и FIS CHILDREN сертфициран.
skimacedonia

