Чешка сноубордерка Ester Ledecka ги позајми скиите од Mikaela Shiffrin и за големо неверување успеа да го освои златото во Super G во Сабота
Сноубордерката Ledecka шокантно го “украде” златниот медал на Зимската Олимпијада со позајмени скии ден после изненадната победата на швеѓанката Frida Hansdotter во слалом.
Одложувањето поради временски прилики ја наведе американката Mikaela Shiffrin да го прескокне вчерашното Super G , и го отвори патот на вицешампионката Anna Veith до победа.
Veith имаше добро водство пред Lindsey Vonn, која некако потфрли, но тогаш се појави чехињата Ester Ledecka, шампион во сноуборд и со позамјените скии на Shiffrin, во дисциплина во која се натпреварува само две години и во која нема позабележителен настап (инаку на Игрите се натрпреварува во сноуборд паралелен веле слалом и е фаворит), победи пред Veith за само една стотинка што ја доведе до шок откако сфати што направила гледајќи наоколу. Tina Weirather од Лихтенштајн ја зеде бронзата. Vonn финишираше на шесто.
Во едно од најневеројатните приказни на Зимските Олимписки Игри, Ester Ledecka, чешка сноубордерка која се натпреваруваше со позајмени скии го одзеде златниот медал во женски Super G со драматична завршница која беше толку неочекувана што еден коментатор на NBC си станал и заминал пред време. Нејзината реакција на неверување и од друга страна грчот на лицето на австријката Anna Veith која имаше сигурни очекувања дека го зграпчи златото, се едни од највпечатливите глетки на Зимската Олимпијада во Pyeongchang.
Речиси секогаш во дисциплина од Алпско скијање победникот излегува од најдобрите 20 скијачи, а останатите се скоро неважни и завршуваат анонимно. Па така кога Veith како шампионка го презеде водството пред двете главни ривалки, Lindsey Vonn и Tina Weirather, сите помислија дека исходот е решен, не земајќи ја во предвид Ledecka, која успеа сите да ги прескокне со “епик” возење иако ја третираше дисциплината како новајлија и користеше позајмени скии од Mikaela Shiffrin.
На целната рамнина застана со збунет израз на лицето, па еден камерман требаше да и потврди дека е најбрзата на денот. “Навистина не знам баш што се случи,” вели таа со трепкање, целата збунета. “ова мора да е некоја грешка на семафорот и ќе ја сменат сликата. Ја погледнав мајками, па се загледавме со неверување.”
Рангирана на само 43то место на листата на Светкиот Куп во оваа дисциплина ја развали планината со еден став “кому иде” со што ги занеме Super G специјалистите. “Дефинитивно сум шокирана,” вели Vonn “има неверојатен атлетизам, штом успева вака да се прешалта во оваа дисциплина и да ја освои, а јас за жал сум само добра во скијање и ме победи.” Или пак што вели една Швајцарска скијачка Michelle Gisin: “Чехињата покажа како може да се победи ако откачиш.”
Во шармантен стил на прес конференцијата, Ledecka навести дека веројатно се уште не го истражила можеби целиот нејзин талент и дарба. Таа има силна позадина во хокеј, нејзиниот дедо е Jan Klapac, освои две Олимписки злата како дел од тимот на Чехословачка во 1964 и 1968.
“Се до денес мислев дека сум подобар сноубордер, ” вели таа. Навистина не сакам да сум дрска – сите вие сте добри – но навистина не очекував дека ќе застанам тука.” – Ledecka
Тренерот на Ledecka вели: “секогаш кога ќе излета од стартната капија, има оган во неа и позади неа но незнам дали ова ќе и биде единствен подиум во скијање. Знаев дека е возможно но не го очекував.” Бидејќи ја брка својата сноуборд кариера, Ledecka се одлучи да скија само во нејзините слободни денови како еден вид експеримент за неа. Сепак тоа на големата сцена и донесе голема слава.
Ова е спорт!
skimacedonia

