Hansdotter на местото на Shiffrin со злато во слалом

Frida Hansdotter
Frida Hansdotter

Швеѓанката Frida Hansdotter го зазеде првото место на подиумот за победа во Олимпискиот слалом денеска.

 

Редоследот на подиумот: прва 32-годишната Hansdotter со вкупно време од 1min 38.63sec, Швајцарката Wendy Holdener со сребро и заостанување од 0.05sec а трето место за Австријката Katharina Gallhuber (+0.32).

Shiffrin, која се пожали на почетокот на трката со симптоми на вирус и на која и беше лошо на стартот задоцни само 0.40sec и ќе го пропушти Саботното Супер – Џи, иако подоцна се изјасни дека болеста е“повеќе на нервна база”.

“Сега не сум лошо, а ми се чинеше дека имам вирус после првата трка но изгледа ми беше само себе изговор.”

Shiffrin, која потврди дека ќе го прескокне денешното Супер-Џи, додаде: “немам некое посебно оправдување. Цела сезона возам агрсивно во слалом и бев доста самоуверена и конфорна.

“А со ова скијање овде вака конзервативно, ова е мое разочарување. Но така оди во животот. Знам дека ја имам најдобрата слалом техника но не ја употребив на дело и кога ми требаше. Понекогаш си мислам дека единствено јас самата можам да се победам во слалом и денеска се победив на погрешен начин и навистина сум тапа“ вели амбициозната 22 годишна Американка.

Победничко чуство

Hansdotter која има само четири победи во кариерата во трки од Светскиот Куп и три медали во Слалом на Светскиот Шампионат (сребро 2015г и бронза 2013, 2017г). Таа ја следи Anja Paerson како втора Швеѓанка да освои Олимписка титула и тоа прв пат после Игрите во Торино во 2006г.

Со нејзината стабилност и двете втори времиња на крајот се покажаа доволно за победа пред ретката публика растерана од ветрот…“Знаев дека ќе биде тешко посебно што Mikaela беше толку силна цела сезона,вели  Hansdotter.

“Сепак сум можеби малку изненадена, но убаво ми е мене еднаш да ја победам бидејќи таа ме победува многу пати.“

Hansdotter додаде: “на почетокот на трките си ја вратив насмевката бидејќи ми беше многу забавно и пробав да извозам најбргу што можам.

“Го сакам скијањето и трките и на ова ниво на конкуренција е толку забавно и сега уште и носам дома златен медал. Макотрпната и долгогодишна работа сега се исплати и ниедна минутка не ја жалам со тоа што застанав тука.”

Второпласираната Holdener која тргна последна во втората трка вели била под голем притисок.“Тргнувајќи на крајот од трката знаев дека може многу што да тргне наопаку, а посебно кога знаете дека имате шанса за медал воопшто не е лесно да се извози до целта од опашката,” вели Швајцарката.

“Не возев така добро како што знам и нозете не ме држеа во втората трка.”

Изненадувањето Gallhuber, со само 20 години и со само деветто време во првата трка изведе едно страшно второ возење за пол позиција.

Mikaela Shiffrin не се извинува за големите амбиции но изгледа и за неа е некогаш премногу.

Mikaela Shiffrin
Mikaela Shiffrin

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки